Нетанјаху оптимист за мировните преговори со Пакистан

Изрелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху пред членовите на неговата партија во Тел Авив изјави дека тој верува оти е можно да се постигне мировен договор меѓу Израел и Палестина. Говорот беше по повод заминувањето на Нетанјаху во Вашингтон на директни преговори со палестинскиот лидер Махмуд Абас. Тие треба да се сретнат и со американскиот претседател Барак Обама. Палестинците соопштија дека ќе ги прекинат преговорите доколку Израел не ја стопира забраната за изградба на населби на Западниот брег.