Франција носи закон за полесно депортирање

Француската влада денеска ги објави плановите за засилување на депортација на илегални имигранти, особено оние кои се фатени во кражба или агресивно питачење. Министерот за имиграција Ерик Бесон ги објави плановите за промена на законот за да може полесно да се депортираат престапниците. Законот треба да дојде на парламентарна расправа кон крајот на септември.