Црвен крст: 15 илјади исчезнати од војните во Југославија

Црвениот крст денеска, по повод Денот на исчезнатите, соопшти дека околу 15 илјади луѓе се уште се водат како исчезнати од војните во поранешна Југославија во деведесетите години од минатиот век. Најголем дел од исчезнатите се од војната од Босна – околу 10,5 ијади. Во Хрватска се исчезнати околу 2300 луѓе, а во Косово околу 1800.