Двајца починаа од вирусот „Западен Нил“ во Романија

Двајца луѓе починаа од вирусот Западен Нил, соопшти денеска романскиот министер за здравство Атила Чеке. Тој информира дека во земјата има 7 инфицирани од вирусот, а се испитуваат уште два сомнителни случаи. Починатите страдале и од други болести.
Луѓето инфицирани од вирусот „Западен Нил“ имаат треска, силни болки во главата, стомакот или мускулите и повраќање.