Шест мртви и 9 повредени во Братислава

Полицијата во Братислава соопшти дека средновечен маж уби шест луѓе и рани најмалку девет други, пред да се самоубие, во приградска населба во словачкиот главен град. Човекот, на околу 50-годишна возраст, бил вооружен со автоматска пушка и два пиштоли. Не се соопштуваат можните мотиви на убиецот.