Средба Ким Јонг Ил - Ху Џинтао

Државните медиуми во Кина и во Северна Кореја денеска потврдија дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил се сретнал со кинескиот претседател Ху Џинтао, за време на посетата на североисточниот кинески град Чангчун. Медиумите ја објавија веста, откако претседателот на Северна Кореја се врати дома.
Според кинеските медиуми, Ким го уверувал Џинтао дека останува посветен на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и оти се надева на што поскоро продолжување на шестпартитните разговори за нуклеарната програма.