Обама: прогрес во Ирак

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека насилството во Ирак продолжува да опаѓа и оти е уверен дека ирачките партии ќе ги надминат разликите и ќе формираат коалициона влада. Во интервју за телевизијата Ен Би Си, а пред утрешниот негов говор за завршувањето на американските борбени операции во Ирак, Обама изјави дека сегашниот ќорсокак всушност претставува политички прогрес кој е природен за младите демократии. Во почетокот на месецов Соединетите држави ги повлекоа своите борбени единици од Ирак каде што сега има околу 50 илјади американски војници.