Украинскиот претседател Јанукович во Германија

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска во Берлин ќе разговара со германскиот канцелар Ангела Меркел и со претседателот Кристијан Вулф. Главни теми на разговорите, како што јавуваат агенциите, ќе бидат енергетското снабдување и економската и безбедносна соработка меѓу двете земји. Предвидено е притоа да се потпише и договор за соработка во борбата против организираниот криминал и тероризмот.