Нова ера во економските односи Кина-Јапонија

Кинескиот премиер Вен Џиабао изјави дека Кина и Јапонија треба заеднички да се борат против економската криза и да создадат нова ера во трговијата меѓу нивните две економии. Џиабао ова го изјави во Пекинг, по средбата се јапонскиот министер за надворешни работи Кацуја Окада. Џиабао рече дека Кина и Јапонија имаат заеднички интереси во регионалната соработка, во развојот на глобалната економија и во спротивставувањето на трговскиот протекционизам.