5 милитанти убиени на Кавказот

Руската федерална безбедносна служба соопшти дека петмина осомничени милитанти се убиени, откако полицијата упаднала во нивното скривалиште, во главниот град на републиката Кабардино-Балкарија, Налчик.
До инцидентот доаѓа, еден ден, откако маж и жена, и двајцата вработени во Федералната служба за безбедност, беа убиени од маскирани напаѓачи во планинско одморалиште во таа република.
Не е познато дали денешниот упад е поврзан со тоа убиство.