Се враќаат авганистанските бегалци

ОН соопштија дека повеќе од 100 илјади Авганистанци годинава се вратиле во земјата од Пакистан и од Иран. Високиот комесар за бегалци на ОН информира дека 95 илјади луѓе се вратиле од Пакистан. Портпаролката на УНХЦР соопшти дека, како причина за враќање, луѓето ги навеле економските причини, тешкотиите во Пакистан и подобрувањето на безбедносната ситуација во делови од Авганистан.