Намален наталитет во САД поради рецесијата

Стапката на раѓање во САД се намали втора година по ред, и експертите сметаат дека рецесијата е причина што луѓето се решаваат да на раѓаат деца.
Во 2009 година стапката на раѓање беше најниска во изминатиот век. Бројот на новородените падна за 2,7 насто минатата година, дури и кога населението на САД се зголеми, соопшти Националниот центар за здравствена статистика. Секој месец се покажува пад од предходната година година, изјави Стефани Вентура, демограф кој го надгледуваше извештајот.