Во јули пораст на индустриското производство

Порастот на индустриското производство во јули од 8,3 насто е добар показател дека индустријата и македонската економија заздравуваат и оти излезот од кризата е се поизвесен, изјави денеска во Собранието на Македонија министерот за финансии Зоран Ставрески, по податоците што денеска ги соопшти Државниот завод за статистика. Тој посочи дека може да се очекува ваквите позитивни движења во индустријата да продолжат и во следните месеци. Инаку, Заводот соопшти и дека индустриското производство во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период лани е намалено за 3,3 проценти.