Бериша - два европски гасовода ке минуваат низ Албанија

Албанија ќе стане транзитна држава за доставување гас во Европа, изјави албанскиот премиер Сали Бериша на седница на Владата.
Преку територијата на Албанија ќе минуваат двата најголеми гасоводи Трансјадранскиот по кој ќе се доставува гас од каспискиот басен за држави од Западна Европа, и Јужен тек, за гас од Грција за Италија транзитно, изјави Бериша.
Освен дополнителен приход од транзит на гас низ територијата, Албанија ќе добие можност да изгради и сопствена мрежа за пренесување гас, нагласи Бериша.