Домот на жената која фрли мачка во канта под полициски надзор

Британската полиција го надгледува домот на Мери Бејл, жената која на јавноста и е позната по тоа што фрлила мачка во канта за отпадоци. Постапката на Бејл предизвика остри реакции меѓу активистите за заштита на животните. Британката добивала и смртни закани откако за дневниот весник „Сан“ изјавила: „Не знам зошто сите толку се возбудија, тоа беше само мачка“.