„Чудиовиштето од Грбавица“ ќе биде екстрадиран во БиХ

Шпанија денеска ќе го екстрадира во Босна и Херцеговина, Веселин Влаховиќ, обвинет за воени злосторства. За Влаховиќ кој е познат како „чудиовиштето од Грбавица“, се распишани три меѓународни потерници. Обвинителството на БиХ го товари Влаховиќ за стотици убиства, за силување и тортура врз жителите на сараевскиот кварт Грбавица за време на војната во Босн аи Херцеговина од 1992до 1995 Се очекува Влаховиќ вечерва да биде предаден на властите во Сараево. Влаховиќ беше уапсен во Шпанија во март годинава под сомнение дека учествувач во вооружен грабеж.