Свечена собраниска седница посветена на Мајка Тереза

Во Собранието на Македонија се одржа свечена седница за одбележување на 100 –годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. Свое обраќање имаше претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски кој порача да се продолжи до делото на хуманистката. Делегација предводена од Вељаноски положи и цвеќе пред споменикот на Мајка Тереза. Денеска со низа настани во Макдонија и во светот се одбележува годишнината од раѓањето на големата хуманистка и добитничка на Нобелова награда за мир.