УНМИК подржува дијалог Белград - Приштина

Шефот на цивилната мисија на ОН на Косово, Ламберто Заниер изјави синоќа во Белград дека е неопходен директен дијалог меѓу Белград и Приштина особено во решавањето на проблемите на север во Косово.
Според УНМИК, Заниер за време на посетата на Белград рекол дека ОН ќе бидат подготвени да дадат поддршка за процесот на преговори, а со оглед на европската перспектива на регионот.
Шефот на УНМИК ја изнесе загриженоста на генералниот секретар на ОН поради ситуацијата на север во Косово.