Вестервеле денеска во Србија и во БиХ

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска е во посета на Србија и на Босна и Херцеговина, во рамките на турнејата низ дел од земјите од поранешна Југославија, што ја почна вчера, а со цел да ја поддржи нивната интеграција во Европската унија, но и да ја повика Србија да ја признае независноста на Косово. Шефот на германската дипломатија во Србија и во Босна и Херцеговина пристигнува од Хрватска, а в петок ќе го посети Косово. За време на турнејата тој ќе побара од земјите кои ќе ги посети да ги спроведат неопходните реформи за влез во ЕУ.