Запрено ширењето на пожарот на Ибица

Ширењето на пожарот што од неделата гори на шпанскиот остров Ибица е прекинато синоќа, откако изгореа 349 хектари борова шума, објави во Мадрид министерството за животна средина. Пожарникарите се на своите места за да спречат евентуално повторно избивање на огнот. За време на пожарот, кој е најголем во изминатиот период во регионот на Средоземното море, само четири луѓе беа полесно повредени. Пожарот од неделата го гаснеа 300 пожарникари кои евакуираа 1 200 луѓе, во поголем дел туристи.