Холандија:900 пријави против свештеници за сексуално злоупотреба

Комисијата за истражување на случаи за сексуално малтретирање во католичката заедница во Холандија од средината на март досега добила 900 пријави. Од Комисијата соопштуваат дека пријавите најчесто ги поднесуваат самите жртви, но и роднини на жртвите. По пријавите следи истрага. Истрагата што се води против свештениците кои сексуално малтретирале други луѓе опфаќа период од 1945 па до денеса. Католичката црква во последните години е потресена од скандали за сексуално малтретирање во кои се вмешани свештеници .