Турската полиција заплени поголемо количество на дрога

Турската полиција на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ и уште на осум други локации заплени повеќе од 13 килограми кокаин, 10 илјади таблети, повеќе од 8 килограми опиум и 628 грама хашиш во операција против трговијата со дрога. Во операциите се уапсени 25 луѓе, од кои 21 се задржани во притвор.