Труење со гас во женско училиште во Авганистан

Околу 40 ученици се префрлени денеска во болница, поради труење со гас во училиште за жени во Кабул. Инцидентот е сличен на претходни инициденти извршени од тврдокорните исламски екстремисти во женски образовни институции. Талибанците за време на владеењето 1996-2001 им забранија на девојките да одат на училиште,. Портпаролот на авганистанското министерството за образование, Асиф Нанг изјави дека девојките се хоспитализирани, но не се во животна опасност.