Укинато ограничувањето за увоз на пченица

Владата ја укина обврската која им налагаше на увозниците на пченица за секој килограм увезена пченица да купат три килограми домашна пченица, соопшти министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Тој информираше дека мерката за ограничување на увоз на брашно и натаму останува на сила. Според оваа мерка, за секој килограм увезено брашно, увозникот се обврзува да купи четири килограми домашна пченица. Министерот изјави дека владата ја следи состојбата на пазарот со пченица и е подготвена соодветно да интервенира доколу има потреба.