Премиерот на Чешка верува во проширување на ЕУ

Премиерот на Чешка Петр Нечас изјави дека земјата го подржува проширувањето на Европската Унија со влез на земјите од Западен Балкан , но изразува сомневање дека може да се шири и еврозоната. Тој изјави дека секоја земја која ги исполнува условите треба да добие можност да ги користи благодетите кои ги пружа Унијата. Нечас меѓутоа не е оптимист дека еврозоната е способна да се шири.