Градоначалникот на Москва најбогат државен службеник

Според руската верзија на магазинот „Форбс“ градоначалникот на Москва е прогласен за најбогат државен службеник. Градоначалникот Јуриј Лужков веќе 18 години е прв човек на главниот град, а неговиот мандат истекува наредната година. Форбас го стави семејството на градоначалникот на прво место со заработка од една милијарда долари во 2009-та. И жената на Лужков Јелена Батурина која се занимава со недвижнини е прогласена за најбогата жена во Русија со заработка од 680 милиони долари минатата година.