Шефот на германската дипломатија на Балканска турнеја

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска започнува турнеја по Западен Балкан. Денеска тој ќе престојува во Хрватска, утре во Босна и Херцеговина и Србија, а в петок на Косово. Од германската влада велат дека тој ќе ја пренесе пораката оти безбедноста и стабилноста на Западен Балкан се од голема важност за Европа.