Спогодба за основање на Економско социјален совет

Заменик претседателот на владата на Македонија, задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами денеска ќе потпишат спогодба за основање на Економско социјален совет. На потпишувањето ќе присуствуваат и претставниците на репрезентативните синдикати и здруженија на работодавачите во Македонија.