Црна Гора сака да биде дел од железничката алијанса

Црногорскиот министер за море и транспорт, Андрија Ломпар по разговорот со српскиот министер за инфраструктура, Милутин Мркоњиќ изјави дека црногрските железници сакаат да се приклучат во железничката алијанса, која ќе ја основаат железниците на Србија, Словенија и Хрватска. Барањето на Црна Гора ќе се разгледува на 8 септември на основачкиот состанок во Белград, а желба да биде дел од железничката алијанса изрази и Македонија.