Иран започна со производство на нафта од ново поле

Иран започна производство на нафта во областа кој ја дели со Оман во Персискиот залив. Иранските власти соопштуваат дека задничките подготовки за експлоатација на нафтата започнале во мај и сега може да се произведуваат оклку 7.000 барели нафта дневно. Заедничкото нафтено поле е во близина на островот Хенгам и од тоа 80 проценти му припаѓаат на Иран,останатото на Оман. Се проценува дека во областа има околу 600 милиони барели сирова нафта. Иран е вториот најголем производител на нафта во Организација на земјите извознички на нафта.