Во бомбашиот напад во Могадишу повеќе од 30 мртви

Сомалиските власти соопштуваат дека повеќе од 30 луѓе загинале при напад на Хотел во Могадишу користен од власта во Сомалија. Меѓу убиените се и најмалку 6 пратеницие. Зад нападот стои исламистичката група Ал Шабаб. Властите јавуваат дека некои од напаѓачите биле облечени како сомалиски војници. Ал Шабаб е поврзана со Ал Каеда и се бори против про западната влада на Сомалија, која ја штитат 6 илјади мировници на Африканската Унија. Од организацијата минатиот месец ја презедоа одговорноста за бомбашките напади во главниот град на Уганда, кога загинаа 70 луѓе за време на финалето на Светското првенство во фудбал.