Ердоган призна дека имаат контакти со лидерот на ПКК

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган призна дека има контакти меѓу турските власти со лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан кој се наоќа во затвор, но вели дека тоа не е политички дијалог, јавува новинската агенција Анадолија. Анкара ја смета Курдската работничка партија за терористичка организација, а Ердоган демантира секаков облик на дијалог со лидерот на бунтовниците кој во 1999-та година е осуден на доживотен затвор. Ердоган изјави дека како влада никогаш нема да седнат на иста маса со преставници на една терористичка организација . Тој додаде дека сепак државата ќе оствари некакви контакти ако е потребно.