15 загинати во нападот врз Хотелот во Могадишу - Сомалија

Исламисти нападнале Хотел во Могадишу користен од власта во Сомалија. Се јавува дека биле убиени 15 лица а меѓу нив и неколкумина пратеници. До овој напад доаѓа по борбите меѓу исламските бунтовници и владините сили во главниот град Могадишу при што најмалку 30 сомалиски цивили се убиени, а стотина се ранети. Борбите избувнале откако исламистите на Ал Шабааб нападнале армиски бараки во неколку делови на градот. Оваа група е поврзана со Ал Каеда и се бори против про западната влада на Сомалија, која ја штитат 6 илјади мировници на Африканската Унија.