Во Ирак има под 50 илјади американски војници

Американската војска соопшти дека во Ирак сега има под 50 илјади војници фокусирани пред се на тренинг на ирачка војска и анти терористички операции. Последната борбена бригада замина од Ирак минатата недела. Според планот на Претседателот Барак Обама, сите американски војници треба да го напуштат Ирак до крајот на 2011.