Двата Лава на Мостот Гоце Делчев чинат над милион евра

Две од 4 те скулптури Лавови денеска се поставуваат на Мостот Гоце Делчев во Скопје. Како што јавуваат локалните медиуми во Македонија, тие чинат милион и сто педесет илјади евра и се направени во Фиренца. Деновиве се очекува да бидат поставени и други два лава. Во рамките на проектот Скопје 2014 досега се поставени споменици на Гоце Делчев, Даме Груев, Ченто, Кирил и Методиј, Климент и Наум и на гемиџиите.