Египетски функционер - крадец на сликата на Ван Гог?

Приведени се шеф на оддел и четворица други функционери од египетското Министерство за култура, поради поврзаност со кражбата на слика од Винсент Ван Гог, од музејот во Каиро. Уапсените, како и дел од обезбедувањето на музејот, ќе бидат задржани во притвор.
Сликата ’Вазна со цвеќиња‘ на Ван Гог, која се проценува на повеќе од 50 милиони долари, беше украдена во саботата и се уште не е пронајдена. Истрагата утврдила дека во време на кражбата не се вклучил ни еден аларм во музејот, а работеле само 7 од 43 безбедносни камери.