Авганистанските сили нема да се екипираат до 2011

Командантот на тренинг мисијата на НАТО во Авганистан, генерал Вилијам Колдвел рече дека за нешто повеќе од една година, Авганистан треба да создаде безбедносни сили со доволно војници и полицајци за заштита на земјата. Колдвел оцени дека авганистанската армија и полиција нема да можат да го достигнат потребниот број до октомври 2011 година, три месеци од почетокот на планираното американско повлекување од Авганистан.