Заврши заложничката драма во Манила

Десет часовната заложничка драма во Манила заврши, откако полицајците влегоа во автобуот и го застрелаа киднаперот. Билансот од целиот инцидент е седум загинати туристи , тројца преживеани а судбината на уште двајца за сега е неизвесна соопштуваат болнички извори. Во автобусот за време на грабнувањето имало 25 луѓе, 22 туристи од Кина и тројца Филипинци. Вооружениот киднапер претходно ослободи 9 заложници. Поранешниот полицаец Роналдо Мендоса отпуштен од полицијата во 2008-та, бараше да биде вратен на работа. Возачот на автобусот успеја да избега пред полицијата да влезе внатре и им пренесе дека напаќачот почнал да пука во заложниците.