Се формираат ревизорски тимови за учебниците

Почнувајќи од денеска па до крајот на неделата треба да се формират ревизорски тимови за сите одобрени учебници кои во моментов се применуваат во образовниот процес, соопштуваат од Министерството за образование и наука. Ревизија на учебниците од прво до петто одделение ќе извршат педагошките факултети во Скопје, Штип, Битола и Тетово, а на останатите учебници од основното образование ревизијата ќе ја изведат Националната комисија за учебници, Бирото за развој на образование и експерти од факултетите во Македонија. Ревизијата на сите учебници, треба да се изведе во рок од 30 дена по формирањето на тимовите за ревизија. На ваков чекор министерството се одлучи по проблемите со некои учебници во кои беа откриени многу грешки.