25-мина милитанти избегале од затвор во Таџикистан

Властите во Таџикистан соопштија дека 25-мина исламски милитанти избегале од затворот во Душанбе, при што убиле 5-мина стражари. Милитантите биле од групата 50 лица осудени на долгогодишни казни затвор за обид за државен удар. Меѓу избеганите имало државјани на Авганистан и на Русија.