Пакистан охрабрен од солидарноста

Пакистанското министерство за надворешни работи изрази благодарност до меѓународната заедница за собраните над 800 милиони долари донации за помош на луѓето во поплавените региони. Во услови кога Западот е економско – финансиска криза, ваквата солидарност е охрабрувачка, изјави шефот на пакистанската дипломатија Мехмуд Куреши. Во меѓувреме, десетици илјади луѓе во јужен Пакистан се евакуирани во повисоките места, бидејки се страхува од нови поплави.