Австралија - за прв пат малцинска влада


Во Австралија се во тек преговори на лидерите на двете најголеми партии со независни пратеници, со цел да биде формирана новата влада. Финалните резултати од саботните парламентарни избори сеуште не се јасни, а и владејачката Лабуристичка Партија и опозиционата Либерална Партија потврдија дека ниедна од нив нема да го има потребното мнозинство од 76, од вкупни 150 пратенички места, за да формира влада.