Затрупаните рудари во Чиле се уште се живи

Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера изјави дека дека 33-цата рудари што се затрупани во рудникот Сан Хосе за злато и бакар се живи. Несреќата се случила пред 17 дена кога карпа паднала врз рудникот и ги потрупала во рудникот кој се наоѓа на 830 километри од главниот град Сантајаго. Спасувачите успеле да симнат сонда до 688 метри под земја и кога ја извлекале на неа имало порака во која било напишано дека сите се живи. Спасувачите преку каналот кој досега го ископале ќе се обидат да ги извлечат заглавените рудари.