Израел бара да се изврши притисок врз Иран

Меѓународната заедница мора да го засили притисокот врз Иран за да не ја заврши својата нуклеарна програма, објави израелското министерство за надворешни работи. Во соопштението министерството тврди дека Иран непрекинато ја крши резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и Меѓународната агенција за атомска енергија со тоа што недозволено продолжува да го збогатува ураниумот. Реакцијата на Израел доаѓа откако вчера почна со работа нуклеарната електрана во Бушер, која користи руско гориво. Поради нуклеарните амбиции на Техеран, Израел го смета Иран за своја најголема стратешка закана.