Во Грција откажани десетици летови

Десетици летови утрово се откажани во Грција поради откажување на системот за управување со полетувањата, соопштуваат од цивилната воздушна пловидба на Грција. Проблемот се појавил во електронскиот систем и диспечерските центри за контрола на воздушниот сообраќај на сите аеродроми во Грција, чиј централен компјутерски систем се наоѓа во Атина. Во време кога откажал системот, околу 9 часот по локално време, аеродромите не дозволувале полетување, додека при слетувањето пилотите на авионите морале да се потпрат на сопствениот систем за поддршка. Проблемот траел околу половина час, сега летовите се одвиваат но со задоцнување.