Нетенјаху:можен договор со Палестинците

Можен е мировен договор со Палестинците , доколку се заштитат виталните интереси на Израел, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху. Тој изјави дека договорот е тежок ,но возможен , но за да се постигне треба да биде загарантирана безбедноста на Израел и Палестинците да го признаат како држава на еврејскиот народ. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во петокот изјави дека Израелците и Палестинците прифатиле на 2 септември да се продолжи со директните мировни преговори.