Шумски пожар во близина на Сплит

Во околината на Сплит утринава избил шумски пожар , а поради големиот чад над Сплит, предизвикан од пожарот во боровата шума во Долна Рупотина, утринава Заводот за јавно здравство на градот ги предупреди граѓаните да не ги отвараат прозорците од домовите.
Од сплитската противпожарна служба, јавуваат дека поради чадот не може да се види дали станбените објекти се во опасност и колку површина е зафатена од пожарот. Пожарот што избувнал утринава го гаснат локалните пожарникари, три канадера, два хеликоптери и еден ер-трактор.