Пожари во Грција

Јужниот дел од грчкиот остров Еубеја е зафтен од шумски пожари , соопштуваат локалните служби за цивилна заштита. Пожарот избил синоќа и се проширил од силните ветрови кои ги спречиле авионите да го изгаснат оганот. Околу 100 пожарникари и 30 специјални возила учествуваат во гаснењето на пожарот. На островот е прогласена вонредна состојба, а спасувачите го евакуираат населението и туристите. Шумски пожари има и на Крит и таму поради ветровите авионите не можат да го гаснат пожарот.