САД :По Бушер на Иран не му требаат други капацитети

Тоа што иранската нуклеарна постројка се полни со руско гориво, значи дека на исламската република не и се потребни сопствени капацитети за збогатување на ураниум, сметаат соединетите држави. Портпаролот на Стејт департментот Дарби Холидеј изјави дека САД признаваат дека Бушер е дизајнирана за да обезбедува гориво за мирољубиви цели. Но Израел се откажа од снабдувањето со гориво на реакторот и целиот случај го нарече неприфатлив. Од израелското министерство за надворешни работи преку писмена изјава ја повикуваат меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Иран да престане со збогатување на ураниум и со изградба на реактори. Вчера иранската централа Бушер почна да се полни со руско гориво, под мониторинг на експерти од Меѓународната Агенција за атомска енергија. Русија се обврза да го острани и нуклеарниот отпад за да се избегнат било какви злоупотреби на материјалот.