Повлечена потерницата против основачот на Викиликс

Шведските обвинители ја повлекоа потерницата за апсење на основачот на порталот Викиликс, Џулијан Асанге, со образложение дека обвинувања дека тој извршил силување, се неосновани. Претходно, обвинителството издаде налог за апсење на Aсанге, поради силување и малтретирање. Портпаролот на обвинителството рече дека сепак останува обвинението за малтретирање. Асанге изјави дека обвиненијата против него за силување се без основа . Порталот Викеликс неодамна објави илјадници тајни документи за војната во Авганистан и Ирак, а беше најавено дека ќе се објават уште 15 илјади досиеја за војната во Авганистан.